Ве молиме побарајте ги дополнителните трошоци за услуги во центарот за поднесување
Такси
ВИП услуги
Ако сакате по удобна атмосфера и екслузивни услуги при поднесување на вашата апликација, можете да ги искористите VIP услугите во нашата Визаметрик филијала. Ви нудиме приватност и освежителни пијалоци по избор додека ви помагаат нашиот искусен персонал.
Биометриска слика
Може да добиете биометриска слика во просториите на ВизаМетрик според спецификациите одредени од страна на дипломатската мисија
Пополнување на формулари
Во филијалата на ВисаМетрик, нашите вработени може да ви помогнат и при пополнување на формуларите.
Достава на пасош по курир
Може да се регистрирате за достава преку курир кога поднесувате барање во филијалата на Визаметрик. Откако вашето барање ќе биде процесуирано и вашиот пасош вратен во филијалата, пасошот ќе ви бие доставен на адресата која сте ја означиле.
Фотокопии и услуги за печатење
Може да побарате дополнителни услуги како што се фотокопир, факс и печатење во филијалата на ВизаМетрик.
Услуга за известување
Откако вашиот пасош предаден при поднесување на барање стигне во канцелариите на ВизаМетрик, вие ќе бидете известени за едно од следните опции.
Приоритетен Термин (3.750 мкд)
Приоритетен Термин услугата ви овозможува да ја поднесете вашата виза апликација надвор од работното време. Апликантите кои што немаат можност да аплицираат за време на работнот време може да ја користат оваа услуга.
Комплетирање на Документи ( 950 мкд)
Во случај да недостигаат документи од вашето барање, вие може да придобиете од оваа услуга. Без да почекате пак за термин, ја имате можноста да го комплетирате вашето барање во рок од три дена.
Може да користите дополнителни услуги во филијалата на Визаметрик за вашето барање за виза. Користењето на дополнителни услуги не може да влијае во процесот на одлучување.
ИНФОРМАЦИИ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИТЕ УСЛУГИ
Користењето дополнителни услуги е целосно доброволно и не е услов за поднесување на апликација за виза.
Резервацијата или користењето дополнителните услуги нема никакво влијание врз:
- пристап на термин или распределба на термини;
- времето на проценка или обработка на апликацијата за виза; или
- одлуката на надлежната дипломатска мисија (Амбасадата) во врска со апликацијата за виза.
Цените на понудените дополнителни услуги може да се најдат на нашата веб-страница под „Национални визи“ во делот „Дополнителни услуги“.