ЛИСТА НА ДОКУМЕНТИ И ПОТРЕБНИ ИНФОРМАЦИИ
ЛИСТА НА ДОКУМЕНТИ
Тука може да ја најдете листата на потребни документи за вашето барање за виза.
Ви предлагаме да ги проверите документите детално и да го поднесете вашето барање за виза со сите потребни документи на денот на вашиот термин.
Булетин за информации од Германска Амбасада во Скопје.
ИНФОРМАЦИИ ЗА УЛОГАТА НА VISAMETRIC
Visametric е овластена од надлежната амбасада исклучиво да прима и административно да обработува апликации за виза.
Visametric не е вклучена ниту во суштинската проверка или проценка на апликациите за виза, ниту во одлуката за одобрување или одбивање на виза. Visametric нема никакво влијание врз исходот од апликацијата за виза.
За прашања во врска со одлуката за виза, моменталниот статус на апликацијата или причините за одбивање, ве молиме контактирајте директно со надлежната амбасада или дипломатска мисија.
ИЗВЕСТУВАЊА
Wll be add.
Формулар за барање
Ве молиме пополнете го формуларот онлине и истиот испечатете го.
Онлине Формулар за Барање (Videx)
Откако ќе го испечатете пополнетиот формулар за барање, ве молиме проверете ги сите податоци. Ве молиме не заборавете лично да се потпишете на страниците на формуларот. Ве молиме поднесете го вашето барање со сите потребни документи кога ќе поднесете барање.
Ве молиме забележете дека поднесување на формулари пополнети рачно би го задоцнило процесот на обработување во Визаметрик бидејќи сите податоци треба да се префрлат рачно.
Филиалата на ВизаМетрик во Скопје нуди услуга за пополнување на формуларите.Барателите кои сакаат да ја користат оваа услуга можат да ја користат во канцелариите на ВизаМетрик. Вработен во Центарот за поднесување барања ќе ги внесе податоците на барателот во електронска форма и испечатеното од истото ќе го спои со другите документи. Ќе бидат впишани тие податоци кои се дадени од страна на барателот.
Услугата за дополнително пополнување се дава доброволно и нема никакво влијание врз одлуката за издавање виза, и истата се нуди бесплатно од страна на Центарот за Поднесување на Барање за Виза. Оваа услуга е изборна и како таква не влијае врз одлуката за вашето барање за виза. Одлуката за вашето барање за виза е направена исклучително од Германската Амбасада (не ВизаМетрик).
Ценовник на Визи и Услуги на Визаметрик
- Цена на Виза : Цената на виза се определува од страна на амбасадата и се трансферира на нив за да се процесуира вашето барање.
- Цена на Услуги : Услугите се наплаќаат од страна на Визаметрик за примање на вашето барање за виза. Цената на услугата се одредува од страна на Визаметрик и истата изнесува 2.300 мкд.
- Забелешка: Плаќањето на такста за виза и за услгите не се гарант за добивање виза. Истите нема да се рефундираат или трансферираат откако вашето барање се предаде на амбасадата, или пак ако барањето се одбие или процедурата се запира од страна на барателот.
Таксата за Виз се плаќа во готово и тоа во денари.
| Такса за Виза - Национална Виза | 0 - 18 Години | 18+ Години |
|---|---|---|
| За граѓани на Северна Македонија | 2.500 мкд (во мкд) | 4.700 мкд (во мкд) |
| За граѓани од други држави | 2.500 мкд (во мкд) | 4.700 мкд (во мкд) |
| Такси на Визаметрик | |
|---|---|
| Национална Виза | 2.300 мкд (во мкд) |
| Дополнителни услуги | Такси на Визаметрик | ||
|---|---|---|---|
| ВИП услуги | 3.150 мкд | ||
| Достава на пасош | 1.150 мкд | ||
| Биометриска слика | 340 мкд | ||
| Фотокопирање, и печатење | 30 мкд (по страница) | ||
| Пополнување на формулари | 1.200 мкд | ||
Северна Македонија
Борис Спиров бр. 1-001/20 Скопје - Центар, Центар
+38923225055
