1. Северна Македонија / FAQ / По вашето поднесување на барањето
1. Ми беше побарано да поднесам документи коишто не беа дел од оваа листа, зошто?
Амбасадата секогаш носи одлуки според одредена ситуација. Листата на документи може да опфаќа генерални информации коишто покриваат повеќето но не и се, во одредени случаеви. Следствено, може да се побара документ којшто не е дел од листата.
2. Како може да ја следам состојбата на мојата апликација?
Може да го користите бројот на вашата апликација и бројот на вашиот пасош за да проверите до каде е процедурата во делот за Следење на Апликации.
3. Ја разбирам причината за одбивање, но сепак сакам да одам во Германија. Можам ли да аплицирам пак?
Вие можете секогаш да поднесете нова виза апликација. Закажете термин и спремете ги сите документи коишто се предвидени во листата. Ако сте побарале вашата апликација да се реевалуира, овој процес ќе биде запрен при ваше ново аплицирање.
4. Дали ќе се рефундираат средствата во случај на одбивање?
Цените се поставени независно одлуката поврзана за вашето аплицирање и важат за да се покријат трошоците на администрацијата. Средствата не може да се рефундираат ако виза апликацијата е одбиена.
5. Најдов грешка во мојата виза стикер. Што треба да направам?
Ве молиме проврете го виза стикерот кога го примате пасошот од амбасада и веднаш известете ги претпоставените во Германската Амбасада.
6. Како може да се подигне пасошот?
Може да одберете вашиот пасош да биде доставен преку пошта на адреса по ваш избор, или да дојдете да го подигнете истиот лично во канцелариите на ВизаМетрик бесплатно.
